Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека гранатирањето на обиколениот Мариупол ќе заврши кога украинските сили ќе се предадат, наведено е во изјавата на Кремљ.
Француските службеници тврдат дека лидерот на Русија се согласил да ги разгледа плановите за евакуација на цивилите од градот. Tие наведуваат дека ситуацијата во Мариупол е катaтрофална и дека цивилното население мора да биде заштитено и мора да им се овозможи да го напуштат градот ако го сакаат тоа. Додаваат дека граѓаните мора да имаат пристап до вода, храна и медицински резерви, пренесува “BBC”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.