Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу преку новинската агенција Интерфакс објави дека Русија го зазела Мариупол.
Според извештаите, министерот за одбрана го информирал Путин за следните информации:
Русија го зазеде Мариупол. Ситуацијата е мирна, што го отвора патот за враќање на цивилите
Русија евакуираше повеќе од 142.000 цивили од Мариупол – 1478 украински борци веќе се предале, но повеќе од 2.000 украински борци сè уште ја бранат металуршката фабрика Азовстал. Фабриката Азовстал е безбедно блокирана.
Путин му честитал на Шојгу за успешната операција и рекол дека нема потреба да се упадне во фабриката „Азовстал“, туку дека таа треба да биде блокирана „за да не помине ниту една мува“.
Ова е случај кога треба да размислуваме, односно секогаш треба да размислуваме, а во овој случај уште повеќе, за зачувување на животот и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да се качуваме во овие катакомби и да ползиме под земја низ овие индустриски капацитети – рекол Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.