Рускиот претседател Владимир Путин ги следеше вежбите на руските стратешки нуклеарни сили.
Задачите, чија реализација е предвидена како дел од обуката на силите за стратешко одвраќање, целосно се извршени, сите ракети ги погодија своите цели, се наведува во соопштението на Кремљ.
Воено информативниот канал „Звезда“ го прикажа министерот за одбрана Сергеј Шојгу во моментот кога му објаснува на Путин дека вежбите се спроведуваат со цел да се изврши „масовен нуклеарен напад од стратешките офанзивни сили како одговор на непријателски нуклеарен напад“.
Началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, на Путин му укажал дека вежбата вклучува интерконтинентални балистички ракети, подморници и стратешки бомбардери Тупољев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.