Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Мариупол е ослободен и нема повеќе борби, а притоа ги повика борците на Азов и маринците да се предадат.

Огромната фабрика за челик „Азовстал“ е последната локација која е контролирана од воените сили на Украина во Мариупол.

Путин му кажа на Реџеп Таип Ердоган дека Киев треба да преземе одговорност за војниците во фабриката, при што ги повика војниците да се предадат.

На сите воени затвореници им гарантираме за животот, медицинската нега и третман во согласност со меѓународните стандарди – кажа Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.