Рускиот претседател Владимир Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Тој годинава нема да игра хокеј на Црвениот плоштад, а претходно ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна ноќ.

Колегите ми кажуваат дека обраќањето би можело да се одржи следната година, а има извештаи дека може да биде писмено. Не, никогаш не било писмено. Што се однесува до информациите дека е можно да се одржи следната година, секако дека е можно – рече Песков.

Тој не ја објасни причината за откажувањето на плановите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.