Западни разузнавачи тврдат дека поседуваат извештаи во кои се тврди дека нестабилното однесување во комбинација со мрзеливиот изглед и апсурдното дистанцирање на кое тој инсистира, се показатели дека рускиот претседател, Владимир Путин, страда од ментално растројство предизвикано од деменција, Паркинсонова болест и напади на бес предизвикани од стероидно лекување на рак. Според неименуваните западни разузнавачки кругови, коишто ги цитира британски „Дејли Мејл“, токму поради тоа Путин ја почнал воената акција во Украина.

„Дејли мејл“, пишува дека високи функционери од западната разузнавачка заедница „Пет очи“ (Австралија, Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД), се повикуваат на нивни извори блиски до Кремљ и веруваат дека токму здравствената состојба на Путин е клучот за нападот врз Украина. Разузнавачите тврдат дека има сè поголем број извештаи за „сè понестабилното однесување на Путин комбинирано со мрзлив изглед и апсурдно дистанцирање“, на што тој инсистира кога прима посетители во Кремљ.

Психата на Путин

Безбедносните извор тврдат дека добиле податоци од различни канали кои даваат поцелосна слика за психичката состојба на Путин. Според таа анализа, во последните пет години се забележани значителни промени во начинот на донесување одлуки. Оние околу него, исто така, можеле да видат значителни промени во убедливоста и јасноста на она што го кажува рускиот претседател и во тоа како го гледа светот околу него.

Неговата неспособност да размислува јасно се влошувала со недостаток на „негативни повратни информации“, бидејќи рускиот лидер едноставно „не ги добил сите податоци за неуспешните елементи“ од акцијата во Украина.

Психичко влошување

Податоците од разузнавачите пренесени од високи британски политичари сугерираат дека Путин неодамна доживеал значително психолошко влошување предизвикано од физиолошки фактори. Според нивните теории, Путин или боледува од мозочно заболување, како што е Паркинсонова болест или од некој вид деменција, или, пак, има рак, а третманите што ги добива му ја смениле рамнотежата на умот.

Според најновата теорија, која ја земаат предвид „веродостојни извори“ од британската разузнавачка служба, менталниот пад на Путин е последица на долгорочна употреба на стероиди, што резултирало со „стероидни изливи на гнев“.

Физичкото растојание е знак на болест

Изворите ја посочуваат одлуката на Путин физички да се дистанцира од посетителите како знак на страв од „коморбидитети“ или добивање други болести кои би можеле да го зголемат ризикот од смрт или да користи лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, што го прави посклон. на инфекции. Кога Путин се сретна со Емануел Макрон минатиот месец, а претходно со германскиот канцелар Олаф Шолц, европските претставници беа принудени да седнат од другата страна на огромна маса долга неколку метри.

Рускиот претседател има видно прилично отечено лице и врат, што исто така може да биде несакан ефект од земање стероиди, исто како и промените во расположението и однесувањето.

Путин повеќе не е истиот како пред две години

Француски функционер по посетата на Макрон изјави дека Путин „повеќе не е истиот“ во споредба со времето од пред две години кога последен пат се сретна со францускиот претседател.

Извор, пак, од британските разузнавачки служби инсистира дека информациите за здравјето на Путин се многу веродостојни.

Нашето разузнавачко присуство во Русија е извонредно. Зачудувачка е разликата во квалитетот на податоците на нашите извори за Путин во однос на Си и Кина – вели изворот за „Дејли мејл“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.