Две лица загинаа, а едно е тешко рането во престрелка што се случила синоќа во источниот дел на Лондон, соопшти полицијата.
Нешто по полноќ граѓаните ја известиле полицијата дека на една од улиците има тепачка, а потоа се слушнале и истрели.
По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата пронашла тело на маж на возраст од околу 20 години и уште две млади момчиња, кои со тешки повреди се пренесени во болница.
Еден од нив починал набргу по приемот, додека за состојбата на другиот маж, лекарите се борат за неговиот живот.
Мотивот за нападот не е познат, а истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.