Најмалку тројца загинати и четворица повредени во тепачка и пукање за време на новогодишна забава во американската сојузна држава Мисисипи.

Инспекторите се уште водат истрага, го пребаруваат местото на пукањето и сослушуваат сведоци во врска со пукањето. Според информациите, засега нема апсења.

Едно лице сѐ уште е во критична состојба по тепачката што му претходела на пукањето на новогодишната забава во градот Гулфпорт, соопшти полицијата, пренесе АП



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.