Најмалку три лица се убиени во престрелката што се случила во продавница за автоделови во Долтон, Илиноис. Според првичните информации застрелани неколку луѓе. Како што јавува Мирор на паркингот пред продавницата може да се забележат автомобили изрешетани со дупки од куршуми. Област е преполна со полиција која го истражува инцидентот. Според информациите пукањето започнало 10:30 часот по локално време.
На местото на настанот биле повикани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. Се верува дека до пукањето дошло откако два автомобила се судриле еден блок подалеку од продавницата, но завршиле на нејзиниот паркинг. Очевидци велат дека полицајците им кажале дека пукачите со пушки скокнале од автомобилите и пукале еден кон друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.