Најмалку две лица се загинати, а тројца се тешко ранети при вооружен напад во близина на јужната железничка станица во Брисел, соопшти полицискиот портпарол.
Истрелите биле испукани во близина на кафуле во бриселскиот кварт Сен Жил. Лицето или лицата осомничени за нападот се во бегство.
Во нападот се ранети три лица, од кои две се во тешка состојба, додека состојбата на третото лице е стабилизирана, изјави портпаролот на полицијата.
Округот беше идентификуван од властите оваа година како едно од жариштата за шверц на дрога во Брисел.
Сепак, полицијата засега не го поврзува инцидентот со дрога.
Агенцијата Франс прес наведува дека во последните неколку години, Белгија бележи зголемување на вооруженото насилство поврзано со ривалството меѓу дилерите на дрога.
Вооружени судири на улиците се водат во Брисел и Антверпен, чие пристаниште стана главна точка каде нелегалниот кокаин од Јужна Америка влегува во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.