Чешката полиција денеска соопшти дека имало пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плах во Прага, во кое има и мртви.


Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а има десетици ранети, соопшти полицијата во последната објава на платформата X. Не се знае колку жртви има, пренесува Ројтерс.

Според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот, додека на другите слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата, пишува чешкиот портал iDNES.cz.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.