Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Олексеј Гончаренко од Украина, од 7 до 10 јуни ќе ја посети Бугарија за да ги набљудува предвремените парламентарни избори на 9 јуни, соопшти прес-службата на ПССЕ.

Делегацијата ќе се сретне со тим од експерти за избори од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, лидери или претставници на политички партии и коалиции, со претседателот и членовите на Централната изборна комисија, како и со претставници на невладините организации и медиумите, пред да го набљудуваат изборниот процес на 9 јуни.

Член на Венецијанската комисија ќе обезбеди правна поддршка за време на посетата организирана од Изборниот оддел на ПССЕ.

Деветчлената делегација ќе се изјасни ден по изборите, понеделник, 10 јуни, јави БТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.