Кралот Чарлс Трети денеска за прв пат се обрати до нацијата после смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

На почетокот на својот емотивен говор рече дека се обраќа со големо чувство на тага.

„Кралицата беше инспирација за нас и за целото семејство во текот на нејзиниот живот. Кралицата Елизабета живееше убав живот и ѝ служеше на нацијата. И јас ви ја ветувам таа услуга на народот“, рече Чарлс.

Тој додаде дека им е благодарен на сите.

„Благодарен сум на сите за изразите на сочувство, од сите народи. Во 1947 година, таа се обврза да му служи на својот народ. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше посветеност што го дефинираше нејзиниот живот“.

Чарлс изјавил дека смртта на кралицата предизвикала тага кај многумина.

„Елизабета секогаш го гледаше најдоброто во луѓето и знам дека нејзината смрт предизвика тага кај многумина“, изјави новиот британски крал.

„Нејзината љубов, лидерство и разбирање беа пример за сите нас. Таа живееше исполнет живот, одржувајќи го своето ветување за доживотна служба. Постои големо чувство на благодарност за мајка ми низ Комонвелтот и ширум светот.

Таа на својот 27 роденден положи заклетва и го посвети својот живот на својот народ. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше обврска. Се жртвуваше, никогаш не се промени. Во животот видовме дека ја сака традицијата, но и напредокот што не направи голема нација.

Како што може да потврди секој од моето семејство, таа имаше способност да го види најдоброто кај сите луѓе.

Знам дека нејзината смрт носи голема тага и го споделувам тоа чувство со сите вас. Кога таа дојде на тронот, Обединетото Кралство беше под притисок од последиците од Втората светска војна. Сепак, станавме цивилизација која се промени“, изјави Чарлс.

Кралот Чарлс III го снимил говорот во Сината соба во Бакингемската палата откако претходно денеска пристигнал во Лондон од замокот Балморал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.