Прво да се утврдат сите факти и околности за нападот во селото Бањска, па потоа земјите-членки на Европската унија можат да донесат одлука за следните чекори, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано.
Сега имаме важна промена во ситуацијата по терористичките напади во неделата на северот на Косово“, рече портпаролот на Брисел, посочувајќи дека мерки може да се применат и за Србија доколку и кога земјите-членки (ЕУ) одлучат дека е моментот да се применат.
Сепак, Стано наведува дека е потребна целосна истрага на сите настани за ЕУ да излезе со став во врска со овој напад.
За нас е важно истрагата да биде спроведена и завршена, а кога ќе имаме целосна и јасна слика од истрагата: што се случило, кој стои зад тоа и кој е одговорен, тогаш ќе ги донесеме потребните одлуки или последици од ова“, рече Стано.
Амбасадорите на земјите членки на Европската унија вчера разговарале за можни мерки против Србија во случај да се утврди поврзаноста на земјата со нападот што се случи во селото Бањска на северот на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.