Денес се најжестоките непријатели, чии војски водат жестоки битки на фронтот, а првпат се сретнаа пред три и пол години. Беше на 9 декември 2019 година во Париз на самитот спонзориран од познати европски лидери, чија цел беше „да се постигне напредок кон повторно воспоставување мир на истокот на Украина“.
На средбата, покрај Володимир Зеленски и Владимир Путин, беа и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
По серијата билатерални разговори во Елисејската палата, Путин и Зеленски влегоа во просторот за состаноци со Макрон и Меркел избегнувајќи контакт со очите и без очекуваното ракување за пред камерите. Зеленски изгледаше збунето, не беше сигурен каде треба да седне. Кога конечно седна, испи неколку голтки вода. Потоа Путин со кратка насмевка му наложи да се сврти кон фоторепортерите.
Зеленски беше само шест месеци на чело на Украина, а по средбата коментираше дека очекувал повеќе од состаноците зошто „од витално значење е Украина да ја врати контролата врз целата должина на границата со Русија“. Путин, пак, рече дека верува ека односите меѓу двете земји се „затоплуваат“, но дека треба да се направи многу повеќе за да се постигне стабилно решение.
Тој го нагласи ставот дека рускојазичните области на источна Украина, кои се под контрола на проруските сили од 2014 година, треба да добијат посебен статус.
Зеленски беше под голем притисок од националистите во Украина кои го обвинија дека капитулирал пред Русија. Во Париз тој имаше ограничен простор за маневрирање и многу помалку воени и политички ресурси од Путин.
Годинава Ангела Меркел во јавноста призна дека сите во Елисејската палата во 2019 година знаеја дека тоа е само добар маскенбал и дека преговорите биле само фронт и купување време за Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.