Шпанија го регистрира првиот локален случај на колера по повеќе од четири децении, соопштија регионалните здравствени власти, истакнувајќи дека заразеното лице веќе оздравело, а во меѓувреме не е пријавен друг случај.
Една пациентка била хоспитализиран во приватна здравствена установа во Мадрид и по лекувањето е пуштена – изјави портпаролот на здравствените власти во Мадрид, без да наведе датуми или други детали, пренесува „Ројтерс“.
Според здравствените власти во регионот, таа се заразила откако пиела вода од имот во Толедо, 75 километри јужно од главниот град во регионот Кастиља-Ла Манча, а имотот оттогаш е затворен од безбедносни причини.
Во извештајот се потсетува дека колерата е акутна дијареална инфекција предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae и може да биде смртоносна доколку не се лекува, а најмногу се шири со контаминирана храна и вода.
Последната голема епидемија на локално пренесена колера во Шпанија беше во 1979 година, кога беа пријавени 267 случаи, главно во Барселона и Малага, а оттогаш здравствените власти регистрираат само по неколку увезени случаи секоја година.
„Ројтерс“ наведува дека повремени зголемувања на болеста не се невообичаени, особено во земјите во развој или воените зони каде што често не е достапен третман.
Според Светската здравствена организација, секоја година во светот се пријавуваат меѓу 1,3 и четири милиони случаи на колера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.