Според најновите проценки на ОН, метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, со невообичаено поројни врнежи во Јужна Америка и ризици за земјоделството.

Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, а затоплувањето е посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во кој имале увид западни медиуми.

Проценките за првиот квартал од 2024 година покажуваат невообичаено големо количество врнежи во Перу и Еквадор и во Мексико, но и истовремена континуирана суша во Бразил, Гвајана и Суринам.

Тековниот сушен период во Централна Америка, сепак, треба да трае само до крајот на годината, покажуваат проценките на ФАО.

Прогнозираните временски услови се најголемата закана за земјоделството, вклучувајќи ги земјоделските култури, сточарството, шумарството и рибарството, бидејќи може да апсорбира само 26 отсто од економските загуби за време на периоди на екстремни временски услови и 82 отсто за време на суши“, посочува ФАО.

Ел Нињо и неговиот спротивен временски феномен Ла Ниња го намалија производството на клучните земјоделски култури во Јужна Америка, како што се пченицата, оризот и пченката.

Агенцијата на ОН објави дека усвоила план кој треба да мобилизира финансиски ресурси за ранливите заедници во неколку земји погодени од екстремни временски услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.