Пред да ја преземе контролата над Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин, како агент на КГБ, изведувал акции против слободумни уметници. Ова се гледа од документи кои откриваат детали за раниот професионален живот на Путин како офицер на КГБ.
Историчарот од Санкт Петербург, Константин Шолмов, открил документ кој покажува дека Путин учествувал во истрагата за еден од првите примери на протестна уметност во СССР, објави опозицискиот портал „Медуза“.
Според документите, во 1976 година, на 23-годишна возраст, Путин учествувал во претрес на куќата на уметник кој на ѕидот на тврдината Петропавловск во Санкт Петербург го насликал слоганот „Можеш да ја распнеш слободата, но човечката душа не познава синџири“.
Двајца уметници лежеле затвор за таквиот графит со политичка порака.
Истражителите ја пребарале куќата на уметникот, Олег Волков, а во извештајот за претресот се споменува и името на Путин. Денес документот се наоѓа во архивата на Музејот за политичка историја, а записите ги пронашол историчарот Шолмов, кој објави фотографија од извештајот на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.