Голема трагедија се случи во Рим, во приградската населба Чекињола. Девојче помладо од една година е пронајдено мртво во автомобил, а според првичните информации девојчето останало само неколку часа во возилото, пишува Corriere della Sera.

Во тек е истрага за реконструкција на приказната, а полицијата  ја обезбеди областа за да може да се спроведе истрага.

Според неофицијални информации кои ги пренесува „Кориере дела сера“, таткото го паркирал автомобилот за да го однесе детето во градинка што ја користат вработени во Министерството за одбрана. Мајката требало да го земе детето од градинка, но кога ги прашала дежурните тетки за нејзината ќерка, тие и рекле дека детето го нема.

Во тој момент го здогледала автомобилот на нејзиниот сопруг со детето внатре и веднаш и се слошило.

Жена случан минувач веднаш се јавила на 911, но за жал, веќе било доцна. Не можеле да го спасат малото девојче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.