Адвокатите на американскиот претседател Џо Бајден пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во приватната канцеларија на Бајден биле откриени десетина доверливи документи, пренесува Си-ен-ен.
Еден од изворите изјави дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот. Сè уште не е јасно кога и каде адвокатите на Бајден ги нашле дополнителните документи.
Првичното откривање на доверливи документи во поранешната канцеларија на Бајден предизвика пребарување на други локации каде што можеби биле оставени документи од времето на Бајден како потпретседател. Белата куќа одби да ја коментира оваа вест.
Првите пронајдени документи датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.
Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон. Бајден ја користеше канцеларијата како дел од неговата соработка со Универзитетот во Пенсилванија, каде што беше почесен професор од 2017 до 2019 година.
Се уште не е јасно на што се однесуваат документите и зошто се однесени во приватната канцеларија на Бајден. Законот бара федералните службеници да ги предадат официјалните документи и доверливите записи кога ќе им заврши владината служба.
Белата куќа соработува со Националниот архив и Министерството за правда во врска со откривањето на записите на администрацијата на Обама и Бајден, вклучително и мал број доверливи документи – рече Ричард Заубер, специјален советник на претседателот Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.