Девет цивили се пронајдени застрелани во источниот украински град Волноваха, окупиран од Русија, според руските власти, јави ДПА.

-Двајца од загинатите се деца, соопшти Рускиот државен истражен комитет.

Мртвите биле пронајдени со прострелни рани во приватна куќа.

Осомничениот е руски војник, објави независен руски канал на Телеграм. Меѓу загинатите има татко, мајка, нивните две деца и гости во куќата.

Волноваха се наоѓа во регионот на Доњецк и е окупирана од руски војници од март 2022 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.