Професор од Харвард, Роланд Фрајер, се соочил со бурни реакции и последици по неговото истражување кое не открило докази за расна пристрасност во полициските престрелки во САД. Според професорот Фрајер, ситуацијата драстично ескалирала, што го поттикнало да побара полициска заштита за неговата безбедност.
За време на разговор со Бари Вајс од „The Free Press“, професорот по економија на Харвард, разговарал за последиците од студијата од 2016 година што ја објави за расната пристрасност во полициската служба во Хјустон.
Студијата покажува дека полицијата има повеќе од двојно поголема веројатност да малтретира, тепа или употребува некој друг вид на нефатална сила против Афроамериканците и Хиспаноамериканците отколку против луѓето од другите раси. Сепак, податоците исто така утврдиле дека полицајците имале 23,8 отсто помали шанси да пукаат во Афроамериканци и 8,5 отсто помали шанси да пукаат во Хиспаноамериканци отколку да пукаат во белци.
Кога Фрајер објавил дека податоците покажале дека „нема расни разлики во пукањето на полицајците“, тој вели дека „се отворил пеколот“ и неговиот живот бил сериозно нарушен.
Фрајер ја добил првата од многуте поплаки и закани само четири минути по објавувањето.
Полни сте со сра*е“, пишувало во пораката.
Фрајер вели дека луѓето брзо „го изгубиле умот“, а некои од неговите колеги одбиле да веруваат во резултатите неколку месеци барајќи од него да не ги објавува податоците.
Имав колеги кои ме одведоа на страна и ми рекоа: „Не го објавувај ова. Ќе си ја уништиш кариерата“, открива Фрајер.
Светски познатиот економист знаел од коментарите на факултетот дека веројатно ќе наиде на бурни реакции. Фрајер признава дека очекувал оти резултатите од студијата ќе бидат различни и дека ќе ги потврдат сомневањата за расна пристрасност кон малцинствата. Кога резултатите не откриле расна пристрасност, Фрајер ангажирал осум нови асистенти и повторно ја променил студијата. Сепак, податоците се вратиле на исто.
По објавувањето на извештајот, Фрајер живеел под полициска заштита повеќе од еден месец. Во тоа време имал ќерка стара седум дена.
Одев во продавница да земам пелени, а со мене беше вооружениот чувар. Беше лудо. Беше навистина, навистина лудо“, вели тој.
Фрајер на 30-годишна возраст стана најмладиот афроамерикански професор на Харвард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.