Cеверна Кореја утринава истрелала нови четири балистички ракети со краток дострел во Жолтото Море, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетите прелетале дистанца од околу 20 километри на околу 130 километри надморска височина.

Cеверна Кореја изврши серија лансирања на проектили оваа недела, од кои едното можеби било неуспешен обид за лансирање интерконтинентална балистичка ракета. Овие акции наидоа на осуда во Вашингтон, Сеул и Токио.

Лансирањето на ракетата доведе до шпекулации дека Cеверна Кореја можеби се подготвува да продолжи со нуклеарни тестови за првпат од 2017 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.