Седум луѓе во Русија се осудени од три до шест години затвор за дистрибуција на алкохолни пијалоци со метанол, поради што полинале 44 луѓе. Судот во Екатеринбург ги осуди и за продажба на стоки што не ги исполнувале безбедносните услови и тоа резултирало со смрт на две или повеќе лица.
Обвинителите изјавија дека седумтемина осудени нелегално продавале алкохол од 2020 година и дека во 2021 година продавале пијалоци што содржат прекумерни количества на метанол, што вообичаено се користи како растворувач.
Од лицата кои консумирале од алкохолот со метанол, 51 лице се затруле, а од нив 44 починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.