Научниците се загрижени поради појавата на нова варијанта на коронавирус во јужна Франција.
Откритието дојде откако 12 пациенти во истиот регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“.
Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации во оваа варијанта која го добила името Б.1.640.2.
Неговото присуство први го открија експерти на „IHU Mediterranee Infection“ во Марсеј. Претходно овој месец тие на својот Твитер објавија дека откриле нова варијанта кај пациенти со ковид.
Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира поради бројот на мутации што ги има во однос на оригиналниот вирус. Останува да видиме во која категорија ќе спаѓа оваа нова варијанта.
Франција објави 219.126 нови инфекции во саботата, со што стана шестата земја во светот што надмина вкупно 10 милиони регистрирани случаи на ковид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.