Пристаништето во Одеса повторно работи со полн капацитет по вчерашниот прекин на работата предизвикан од руското гранатирање на енергетски објекти во регионот на Одеса.
Одеса е едно од трите пристаништа што Украина може да ги користи за извоз на жито според руско-украинскиот договор.
Ројтерс вчера објави дека за време на прекинот на работата на пристаништето Одеса, извозот бил извршен од пристаништата Черноморск и Јужни, односно другите две пристаништа опфатени со договорот.
Украинскиот министер за земјоделство, Микола Солски, претходно за Ројтерс изјави дека главната причина за исклучувањето на пристаништето е тоа што генераторите не биле вклучени откако регионот Одеса остана без струја по гранатирањето што остави околу 1,5 милиони жители на областа без струја.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во регионот Одеса е многу тешка.
За жал, потребно е долго време да се стави во функција електричната мрежа на целата област. Не зборуваме за часови, потребни се неколку дена“, изјави Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.