Највисоките финансиски функционери на Велика Британија, САД и Канада го напуштиле состанокот на Г-20 во Вашингтон во моментите кога зборувале руските претставници, соопштипортпаролот на британската влада, откривајќи ги продлабочените поделби околу присуството на Русија во тоа тело.

На средбата присуствувале и украински претставници.

Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен им рекла на присутните дека не го одобрува присуството на руски претставници на состанокот.

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејликао и други високи функционери и се придружиле во напуштањето на салата, кога рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, го почнал своето обраќање.

На средбата преку видео врска учествувале рускиот министер за финансии и гувернерот на руската Централна банка.

Пред состанокот, американските официјални лица изјавија дека Јелен нема да учествува на одредени сесии на собирот, на кој беше вклучена и Русија, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Еден од официјалните претставници потврдил дека министрите за финансии претходно разговарале за плановите за бојкот на учеството на Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека Русија повеќе не треба да биде во Г20. Сепак, исклучувањето на Русија ќе бара поддршка од сите членки, што се смета за малку веројатно, бидејќи Кина соопшти дека нема да го поддржи руското исклучување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.