Индонезискиот претседател и актуелен претседавач на групата Г-20, Џоко Видодо, следната недела ќе ги посети Киев и Москва, со цел да придонесе за мирно решение на нивниот конфликт, објави министерот за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди.

Војната во Украина го стави состанокот на Групата 20 (Г-20) на најголемите светски економии во Џакарта оваа година во втор план. Индонезија се обидува да ги обедини членките, при што се спротивставува на притисокот од западните земји кои се закануваат со бојкот на самитот во ноември и повикуваат и се залагаат за исклучување на Русија – порача Марсуди, пренесува „Ројтерс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.