Претседателот на Здружението на професионални војници на Германија, полковник Андре Вистнер, порача дека би било наивно да се верува дека војната во Украина ќе заврши оваа година и оцени дека без помошта на САД, Киев одамна ќе ја загубел војната.

Вистнер за „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин засега нема да отстапи од своите воени цели. Вистнер смета дека Путин го подготвува руското население за долгорочен системски конфликт со Западот и дека затоа НАТО и Германија мора стратешки да се усогласат за една деценија на закана.

Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и во исто време побрзо да го опремиме самиот Бундесвер. Тоа е единствениот начин да се обезбеди веродостојно одвраќање заедно со НАТО“, изјави Вистнер.

Тој истакна дека поради воената помош на Германија за Украина, материјалната оперативна готовност на германската артилерија продолжува да опаѓа, бидејќи залихите на оружје полека се надополнуваат.

Од речиси 300 тенкови Леопард на Бундесверот, само 30 отсто се моментално во функција, изјави Вистнер, истакнувајќи дека е потребно стратешко планирање координирано на европско ниво за да се врати воената индустрија во масовно производство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.