Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој престојува во Пекинг во обид да ги поддржи напорите на Кина во медицинските истражувања.

Средбата, за која информираше кинеската државна телевизија, се одржа два дена пред долгоочекуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во време на дипломатски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.

Вие сте првиот американски пријател што го запознав оваа година. Ние секогаш влеваме надеж во американскиот народ и се надеваме дека пријателството меѓу двата народа ќе продолжи, рече Си Џинпинг.

Бил Гејтс беше примен од Си како копретседател на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, се додава во соопштението.

Во последниве години, само неколку американски бизнисмени имаа одделна средба со Си, вклучувајќи го и Тим Кук, кој е на чело на Епл и Џеф Безос од Амазон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.