Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, е хоспитализиран во Италија поради лошата состојба на имунолошкиот систем, соопшти денеска неговиот портпарол Роберто Куиљо.
Тој во соопштението наведе дека Сасоли се наоѓа в болница од 26 декември минатата година и дека поради тоа откажани се сите негови активности.
– Хоспитализацијата беше неопходна поради сериозни компликации по дисфункција на имунолошкиот систем, се вели во соопштението.
Сасоли (65) во септември минатата година имаше тешка форма на пневмонија и уште тогаш беше хоспитализиран. Тој се врати во Италија да се опорави, но неговата состојба повторно се влоши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.