Претседателка на бордот на синагога во Детроит, Саманта Вул, e најдена мртва со неколку убодни рани во парк кој се наоѓал во близина на нејзиниот дом. Мотивот за убиството засега е непознат а се претпоставува дека жртвата била убиена внатре во нејзината куќа.

Убиството се случува во период на големи тензии меѓу еврејските и муслиманските заедници ширум САД поради конфликтот меѓу Израел и Хамас. Пред една недела, шест годишно дете со арапско потекло, беше убиено од сопственикот на станот каде што живеело со неговите родители. Напаѓачот беше обвинет за убиство и злосторство од омраза.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.