Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола даде коментар за случувањата во Украина и кажа дека рускиот претседател Владимир Путин мора да одговара.
Мецола кажа дека не била лесна одлуката, но сепак решила да го посети Киев со цел да изрази поддршка на Украинците.
„Мојата порака беше испратена до Украина и граѓаните да знаат дека стоиме покрај нив. Нашите меѓународни судови ќе реагираат на оваа војна. Ова се ужасни сцени и се случуваат воени злосторства. Зборував со луѓето во Киев и тие побараа одговорност од Русија и Путин. Мора да одговара за воени злосторства“, кажа Мецола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.