Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која минатиот петок беше во Израел, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Хамас е терористичка група која не ги претставува оправданите стремежи на Палестинците.

Мецола додаде дека Хамас е пречка за Палестинците и мора да биде запрена.

Реалноста на теренот е ужасна, трагична и очајна. Во прашање беа животи на невини луѓе, Хамас вршеше масовни убиства, киднапирања и силувања, мачења и сквернавење на мртвите. Нема оправдување за тоа. Во Израел отпатував на покана на Кнесетот како израз на нашето заедништво, тоа патување беше едно од најтешките работи што морав да ги преземам како претседател на ЕП“, истакна Мецола за последиците од нападот на Хамас врз Израел на почетокот на месецот.

Таа додаде дека ЕП секогаш ќе се залага за решението со две држави и траен мир.

Морам да работам за безусловно ослободување на заложниците и хуманитарната помош да стигне до оние на кои им е потребна“, инсистира Мецола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.