Шпанската полиција пресретнала коверт со пиротехнички материјал адресиран до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид, јави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, украинската Амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.

Писмо-бомба пристигнала во воздухопловната база Торехон рано утринава и истрагата е во тек.

Експлозивна направа во Сарагоса била откриена синоќа во фабрика за оружје која произведува фрлачи на гранати што Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.