Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, за време на телевизиска дебата на каналот „Диги24“ изјави дека „Молдавците и молдавскиот јазик не постојат“.

Романија ќе ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат на интеграција, бидејќи таму сите се Романци и ништо друго. Нема Молдавци, нема молдавски јазик – ова е романски јазик и ова се Романци“, изјави Чолаку.

Претходно прее месец и половина, романскиот премиер исто така изјави дека во Молдавија живеат само Романци и дека тој лично ја поддржува идејата за обединување на двете држави.

По првото соопштение, молдавската парламентарна опозиција побара во собранието да го сослуша министерот за надворешни работи Михаи Попсој во врска со антимолдавските изјави на романскиот премиер, но владејачката партија „Акција и солидарност“ одби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.