Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“, што се случи оваа недела, би можело да резултира со правни постапки против сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск од страна на неколку компании на територијата на Европската Унија.

Како што објави „Политико“, во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија веќе има регистрирано 262 заштитени трговски марки „Икс“, меѓу кои и на компании како „Рокерс Металика“, „Мајкрософт“, „Хонда“ и „Адидас“.

Со регистрирањето на трговската марка во Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, овие компании имаат ексклузивни права за користење на брендот „Икс“ во различни формати на дизајн, облека, индустрии за забава или финансиски услуги. Но, меѓу овие брендови во регистерот на ЕУ не се појавува името на „Твитер“ или Маск.

Според застапникот за трговски марки на адвокатската фирма „Аомб“, Дејвид Кранц, доколку некој планира да го преименува својот бренд и за тоа да одбере „добро познато име“, би очекувале да ги почитува правата на интелектуална сопственост.

Во овај случај, сепак, се чини дека тоа не е испочитувно, изјави Кранц.

Доколку не добие одобрение за користење на брендот „Икс“, Маск би можел да се соочи со правни постаки кои може да резултираат со забрана за употреба на тој назив или симбол или во целина или во одредени околности, како и со барања за исплата за надомест на штета за повреда на правата на регистрирана трговска марка на друга компанија, наведува „Политико“.

„Сони“ и „Панасоник“ поседуваат права на неколку заштитени брендови под називот „Икс“, „Мајкрософт“ има два, вклучително и за логото на неговата најпродавана конзола за игри „Иксбокс“, а британската „Фриментал Медија“ го поседува ова име како заштитен знак за своето телевизиско талент шоу „Икс Фактор“.

Доколку сопствениците на овие заштитени марки „Икс“ сметаат дека нивните логоа се „премногу слични“ со она на Маск и може да создадат „ризик од забуна меѓу потрошувачите“, би можеле да преземат правна постапка против него.

Адвокатката на „Пинсент Мејсонс“, Триона Дезмонд, изјави дека Маск би можел да се соочи со барања за „прилично високи отштети“ за прекршување на правото на заштитен бренд, оценувајќи ја неговата за одлука за преименување на „Твитер“ во „Икс“ како „храбра работа“.

Очекувам трети страни да преземат акција, изјави Дезмонд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.