Германските безбедносни служби предупредуваат дека повеќе германски неонацисти тргнале кон Украина за да се приклучат во борбата на украинските власти.

Според германските медиуми, станува збор за десетици луѓе од десничарското радикално опкружување, кои веќе се на борбените линии или имаат намера да патуваат таму. Дванаесет неонацисти од Германија веќе се вратиле од Украина, тврди веб-страницата „Цајт“.

Неименуван извор од германското МВР во Берлин посочува дека во борбите се вклучени мал број десничарски екстремисти, а останатите сакаат да се пријават директно на местото на настанот, односно наводно да пружат помош.

„Безбедносните сили имаат голем интерес да ги спречат екстремистите да ја напуштат земјата“, подвлече портпаролот на министерството, додавајќи дека неколку лица, кои биле следени од службите, биле спречени да заминат за Украина.

Медиумите потсетуваат дека ваквиот развој на настаните е многу незгоден, имајќи го предвид фактот дека Кремљ војната ја оправдува со „денацификација“ на Украина.

Се потсетува и дека во 2013/2014 година, кога се случи соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јануковиќ, биле основани неколку десничарски групи, кои потоа, наводно, биле распуштени.

Некои десничари, додаваат медиумите, морале да одговараат за воени злосторства во источна Украина, но украинската армија во војната против Русија се потпира и на баталјонот „Азов“, кој се смета за ултранационалистички и неонацистички



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.