Поранешниот директор на ЦИА го предупреди шефот на Вагнер групата „да биде многу внимателен околу отворени прозорци“.

Пензионираниот генерал Дејвид Петреус очигледно алудира на големиот број истакнати Руси кои загинаа под неразјаснети околности, вклучително и паѓање од прозорци, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Како дел од договорот Евгениј Пригожин да го запре маршот на неговите платеници кон Москва, тој се согласи да замине во егзил во соседна Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко е силен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Пригожин си го спаси животот, но ја загуби својата платеничка група, изјави генералот Петреус за Си-Ен-Ен.

И тој треба да биде многу внимателен околу отворените прозорци во неговата нова околина во Белорусија, каде што оди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.