Францускиот и американскиот претседател Емануел Макрон и Џо Бајден, пред посетата на францускиот лидер на Пекинг, телефонски се договорија да побараат од Кина да ја забрза својата помош за ставање крај на војната во Украина, соопшти Елисејската палата.

Двајцата лидери ја изразија својата заедничка подготвеност да ја ангажираат Кина да го забрза крајот на војната во Украина и да учествува во градењето одржлив мир во регионот, се вели во соопштението.

Елисејската палата соопшти дека Макрон и Бајден изразиле надеж оти „Кина ќе може да придонесе во напорите за солидарност меѓу глобалниот север и глобалниот југ и да изгради заедничка агенда за климата и биодиверзитетот“. Други детали од разговорот меѓу двајцата лидери не се откриваат.

Макрон денеска ќе пристигне во Кина каде ќе престојува до петок. Тој со кинескиот претседател Си Џинпинг ќе разговара за голем број прашања во врска со билатералните односи, соопшти претходно кинеското Министерство за надворешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.