Меѓународната заедница не смее да губи време, мора веднаш да помогне Украина брзо да ја обнови земјата, изјави денеска во Берлин, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа наведе дека Европската Унија е подготвена да ги координира мерките за реконструкција преку секретаријатот на Европската комисија.
– Нема време за губење бидејќи Украина претрпе огромно уништување, а Светската банка ја проценува штетата на 350 милијарди долари, истакна таа на конференцијата за обнова на Украина.
Според неа, потребно е што поскоро да се воспостави меѓународна соработка за помош во обнова на Украина, најдобро пред да заврши оваа или на почетокот од наредната година.
На конференцијата за обнова на Украина во Берлин преку видео линк се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој нагласи дека за брз план за обнова потребни се вкупно 17 милијарди долари.
Како што додаде Зеленски, Русија ја уништи украинската енергетска инфраструктура и ги отежна условите за време на зимата што следува
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.