Милитанти на Хамас упаднаа на настан, пукајќи на цивили и земајќи луѓе за заложници.
Најмалку 260 тела се пронајдени на локацијата, а многумина се сметаат за исчезнати.
Хила Факиро била бармен на фестивалот на смртта и рекла за Скај њуз дека нападот почнал така што ракети им летале над глава, а луѓето барале засолниште.
Објаснила како лежела на земја половина час пред да оттрча до својот автомобил во обид да избега. За жал и го затвориле патот и таа го оставила автомобилот и побрзала да се сокрие.
Кога се свртевме, видовме повеќе од 20 терорости облечени во црно, како пукаат насекаде. Пукаа на се. Ако беше жив, наскоро ќе беше мртов – рекла таа.
На крајот трчала четири часа без вода, се додека не ги здогледала припадниците на изралеската полиција и војниците.
Додека се обидувала да стигне до своите пријатели, видела снимка на социјалните мрежи, на кој една од нејзините пријателки е убиена.
Терористите седеа на неа, ја силуваа и правеа многу работи кои не можам ни да ги изговорам.
Знам четири лица кои умреа и двајца пријатели кои се исчезнати. Мразам тоа да го кажам, ама се надевам дека не се живи, бидејќи не знаете што се прават – рекла девојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.