Пратеничката на Врховната рада на Украина, Ирина Герашченко, го обвини претседателот на државата Володимир Зеленски за кршење на Уставот.

Герашченко изјави дека од 2019 година, Зеленски на никаков начин не реагирал на речиси 50 закони усвоени од парламентот, а со тоа го прекршил Уставот на Украина.

Според Уставот, претседателот има 15 дена да потпише или да стави вето на законот усвоен од Радата. Сепак, и Зеленски и неговите претходници често ја прекршуваа оваа норма. Бројот на закони кои Зеленски ги игнорираше достигна критични размери – тој не потпиша повеќе од триесет закони донесени од пратениците од 24 февруари 2022 година, ниту, пак стави вето на некој од законите“, напиша Герашченко на нејзиниот канал Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.