Познатиот француски бренд на природна козметика „Ив Рошер“, основан во 1965 година во Ла Гацилија од францускиот визионер Ив Рошер, вчера ја објави веста за затворање на продавницата во Штутгарт, каде што се наоѓа седиштето на трговскиот синџир за Германија, пренесува магазинот „Феникс“.

„Ив Рошер“ ќе продолжи со онлајн продажба, но со затворањето на продавниците, погодени се стотици вработени, пренесува N1.

„Со постоечкиот бизнис модел „Ив Рошер“ повеќе не може да работи одржливо и успешно. Продавниците ќе бидат постепено затворени во наредните месеци“, соопштија од централата за продажба за германското говорно подрачје во Штутгарт-Вајхинген.

Според претходните информации, компанијата има околу 140 подружници во земјите од германското говорно подрачје. Затворањето на филијалата ќе погоди 350 вработени, се наведува во соопштението на синџирот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.