Шумските пожари на Хаваи, поттикнати од ураганот Дора, изгореа неколку згради, што доведе до евакуација и затворање на училиштата.
Во округот Мауи, 12 лица се спасени откако скокнале во океанот за да избегаат од чадот и пожарот, пренесува АП. Крајбрежната стража ги транспортирала во безбедно подрачје, соопштија локалните власти.
Противпожарните екипи се борат со повеќе пожари концентрирани во две области: популарната туристичка дестинација Западен Мауи и планинскиот регион во внатрешноста.
Од утрово околу 14.000 домаќинства во Мауи се без струја. „Дора“ е моќен ураган од четврта категорија со постојан ветер од околу 200 километри на час. Хаваите претходно беа зафатени од голем пожар во 2021 година, како резултат на кој изгореа голем број куќи, а илјадници луѓе беа евакуирани.
🚨🚨A raging #wildfire has swept through businesses along Front Street in downtown #Lahaina, located in West #Maui, #Hawaii a community housing around 12,000 residents. In response to the dire situation, the Coast Guard is actively assisting individuals who had no choice but to… pic.twitter.com/LEKQuTL9LQ
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) August 9, 2023
North Kihei wildfire footage. Evacuation orders in place for Kihei east of Pi’ilani Highway. Prayers for everyone’s safety
VC: Clint Hansen #Wildfire #Maui #Kihei #Hawaii #Dora #HurricaneDora #Heatwave #Fire #Climate #Weather #Firefighters #Viral #ForestFire pic.twitter.com/G8QaekmoTh
— Earth42morrow (@Earth42morrow) August 9, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.