Германската полиција успеа да му влезе во трага на лицето што пред четири недели подметна пожар во сместувањето за бегалци од Украина во градот Грос Шремкендорф кај Визмар. Според информациите, се работи за 32-годишниот Ник П., кој е пожарникар во општина Бловац.

Според весникот „Билд“, пожарникарот, поради неговите постапки, не бил цел на безбедносните органи.

Истражните органи сега анализираат дали има поврзаност со серијата подметнати пожари во овој дел на Германија.

Уште на 19 октомври, кога избувна пожарот во сместувањето за бегалци, полицијата претпоставуваше дека станува збор за подметнување пожар од политички причини бидејќи само неколку дена пред пожарот на влезот беше испишана нацистичка свастика.

Инаку, една недела претходно имаше голем број пожари во тој регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.