Пожарите што беснеат во Шпанија од минатата среда уништија најмалку 60.000 хектари шума, јави телевизијата RTVE, цитирајќи власти во различни региони.
Ова е најлошата огнена катастрофа откако се води евиденција, изјави директорот за цивилна одбрана Леонардо Маркос за радио станицата „Кадена Сер“. Еден од факторите кои придонесуваат е силниот топлотен бран предизвикан од климатските промени предизвикани од човекот, рече тој.
Како што пренесе ДПА, ситуацијата е особено лоша во Замора, во близина на границата со Португалија, и во Авиља, северозападно од Мадрид. Во овие две провинции, од неделата околу 10.000 луѓе од околу 50 села мораа да бидат евакуирани.
Во Замора две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени, додека 30.000 хектари шума се изгорени до темел. „Замора се претвора во пекол“, гласи насловот на онлајн весникот Замора њуз.
Од почетокот на годината, пламените јазици веќе уништија повеќе од 100.000 хектари во Шпанија, што е за речиси 13.000 хектари повеќе отколку во целата 2021 година, информира RTVE.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.