Повеќе од 650 луѓе беа евакуирани од осум села во северозападна Шпанија откако шумски пожар зафати околу 9.000 хектари. Големи пожари избувнаа претходно во Каталонија на истокот на земјата.
Најголемиот пожар поради високите температури избувна во делот на планинскиот венец Сиера де ла Кулебра во провинцијата Замора.
Помали пожари зафатија делови од провинциите Толедо, Сарагоса и Леида.
Градоначалникот на Лајадур, Даниел Ровира, го опиша пожарот во Леида кој зафати 2.000 хектари, како брутален и рече дека тој може да се прошири на 50.000 хектари доколку веднаш не се стави под контрола.
Во повеќето делови на Шпанија денеска е прогласен „висок ризик“ од шумски пожари, бидејќи температурата во земјата е многу висока, шести ден по ред во овој период од годината. Во многу градови се забележани повеќе од 40 степени Целзиусови.
Надлежните очекуваат дека силните горештини ќе почнат да стивнуваат во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.