Граничниот мост меѓу САД и Канада, затворен завчера по експлозија на автомобил во близина на Нијагарините водопади, денеска е повторно отворен, објавија канадските власти.
Патничкиот сообраќај се нормализира на граничниот премин на Нијагарините водопади „Рејнбоу бриџ“, соопшти канадската агенција за гранични услуги.
Граничниот премин, еден од главните копнени премини меѓу двете земји, беше затворен во средата откако во експлозија на големо возило загинаа две лица.
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) заклучи дека се работи за несреќен случај, бидејќи имало сомневање за напад додека САД се подготвувале да го прослават Денот на благодарноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.