Дваесет и шест полицајци се повредени за време на одржувањето на еритрејскиот музички фестивал во градот Гисен во централната покраина Хесен во Германија.
Повеќето од нив биле погодени од фрлени камења. Полицијата одговори со солзавец и водени топови, и приведе сто лица.
Околу 1.000 полицајци се мобилизирани од петокот за фестивалот, кој и минатата година беше проследен со инциденти. Фестивалот, кој завршува денеска, го проследиле две до три илјади луѓе.
„Фестивал Еритреја“ предизвикува контроверзии во еритрејската заедница во самата Германија. Нејзините противници ги обвинуваат организаторите дека се блиски до авторитарниот режим во оваа североисточна африканска земја.
Се верува дека главната причина за судирите за време на фестивалот е токму поделеноста во еритрејската заедница во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.